Измените на Законот за игри на среќа се во согласност со препораките на ЕУ вели премиерот

Од:

Измените на Законот за игри на среќа и забавните игри се во насока на усогласување на препораките на ЕУ од 14 јули 2014 година, за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на услугите за онлајн коцкање и за спречување на малолетниците за коцкање преку интернет, со цел зајакнување на регулативата во делот на приредување на интернет игри на среќа во нашата држава. Низ расправата во Собранието ќе може да се дојде до решение кое ќе е од интерес за сите, посочи премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот денеска на прес-конференција одговорајќи на прашањето за предлог измените на Законот за игри на среќа и забавните игри, рече дека е разговарано и со пратениците кои сакале на стручно ниво да се информираат за овој Закон. Како што посочи, имало предлози за воведување на картичка за кладење, каде се воведува лимит за едно лице до кој износ може да се обложува или да користи друга игра на среќа, со што ќе се намалат негативните влијанија на коцкањето и обложувањето.

Тој потсети дека министерот за финансии имал состанок со здруженијата на компаниите за игри на среќа и како што рече, низ расправата во Собранието ќе може да се дојде до решение кое ќе биде од интерес и на граѓаните и на компаниите кои учествуваат во овој бизнис.

-Во 2014 година Европската Комисија донесе препорака за принципите за заштита на потрошувачите на играчите на услуги за онлајн коцкање и спречување на малолетници од коцкање преку интернет. Оваа препорака е дизајнирана да ги комбинира овие теми и да ја подобри заштитата на потрошувачите односно играчите и за да спречат малолетниците да се коцкаат преку интернет. Во оваа насока, измените на Законот за игри на среќа и за забавните игри се во насока на усогласување на препораките 2014/478 на ЕУ од 14 јули 2014 година за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на услугите за онлајн коцкање и за спречување на малолетниците за коцкање преку интернет, со цел зајакнување на регулативата во делот на приредување на интернет игри на среќа во нашата држава, рече Ковачевски.

Тој додаде дека оваа препорака има за цел да обезбеди дека коцкањето останува извор на забава, но на потрошувачите им се обезбедува безбедна средина за коцкање и се преземаат мерки за да се спротивстави на ризик од финансиска или социјална штета, како и да се утврдат активности потребни да се спречат малолетниците да се коцкаат преку интернет.

Ковачевски напомена дека со предлог Законот се воведува обврска од приредувачот на интернет игрите на среќа да донесе акт за оневозможување на учество на малолетни лица во интернет игрите на среќа, вклучувајќи го и процесот за проверка на возраста при регистрирање за користење на игри на среќа, било да е тоа офлајн или онлајн, се воведува обврска за приредувачот на интернет игри на среќа да води евиденција за добивките и загубите на учесниците, да утврди правила за постапување по барање на заинтересирани трети страни, се воведува обврска Централниот регистар да воспостави и воведе регистар на исклучени лица, се забранува рекламирање во медиуми каде целна публика се лица под 18 години…

Законот, како што рече, предвидува и просторни ограничувања во делот на близината на физичките простории на игрите на среќа до места каде има најголема фрекфенција на малолетници, а тоа пред се се училиштата.

Би можело да ве интересира

Митева: Ограбена држава – СДС и ДУИ да одговорат каде завршиле парите од незаконското работење на фирмите за игри на среќа

Финансии бара одземање на лиценците на две фирми што приредуваат игри на среќа

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел