Ковачевски за дуел со Мицкоски: И тоа ќе се случи, сега треба работа, пред сè во Парламентот

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски ќе излезе на дуел со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски кога за тоа ќе дојде време. Тој денес на пуштањето во употреба на нова телекомуникациска опрема на АД МЕПСО, одговарајќи на новинарско прашање рече дека е подготвен за дуел со секого во државата.

„Што се однесува до дуел, дебата, разговор со кого било во државата вклучително и со претседателот на една од опозициските партии и тоа ќе се случи меѓутоа јас во една прилика кажав дека справување со енергетска и со економска криза не се прави преку дуел и политичка дебата туку се прави преку работа, преку соработка и преку посветено работење пред сè во Парламентот каде што треба да бидат одобрувани сите закони и сите решенија кои се од интерес на граѓаните а не да се блокира се она кое значи добивање политички поени на ситно, а во исто време да не може да се реализираат антикризни мерки или финансирање на ликвидноста на секторот. За се ќе дојде време, ќе дојде време и за тоа“, рече премиерот Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повеќе пати јавно го повика премиерот Димитар Ковачевски на ТВ-дебата за справување со енергетската криза, покана на која премиерот преку медиумите одговори дека место да се дебатира треба да се работи на изнаоѓање решенија за надминување на кризата.

Би можело да ве интересира

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Ако Груевски се појави во земјава, ќе оди во затвор

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот