ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека „има чувство“ дека поранешни функционери од претходната власт ќе бидат опфатени од одредени поргони. Ова го кажа во контекст на прашање во врска со евентуалната екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски и прозивките од СДСМ на оваа тема.

– Мораме во државата да имаме подеднакви услови за сите без разлика дали е некој поранешен висок функционер. Она што загрижува е дека опозицијата не ја научи лекцијата и живее во паралелен свет па еве уште не го повикуваат Васко Ковачевски да се врати во државата и да се соочи со правдата. Исто така очекувам од опозицијата да се однесува вака критички, имам чувство дека поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, нивни блиски од семејството ќе бидат опфатени со прогони. Имам чувство, немам информации. Очекувам тогаш да не велат дека тоа е политички прогон, туку истите тие ќе ги повикаат да одговараат пред органите односно да ја докажуваат нивната невиност, рече Мицкоски кој присуствуваше на промоцијата на 100 нови возила за Македонска пошта.

Би можело да ве интересира

Мицкоски чека одговор од студентите за владиниот предлог за студентски оброк

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Мицкоски разговараше со Срдановиќ: Му честитав за победата!

А1он

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски