Ковачевски: Судството да се запраша како САД се толку далеку и имаат наводи за Мерко, а тие не

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски им порача на советниците во општина Струга дека ќе треба добро да размислат како ќе делуваат понатаму поради последните случувања со градоначалникот Рамиз Мерко кој поради наводи за вмешаност во корупциски скандал е ставен на црната листа на САД заедно со неговото семејство.

– Можам да извлечам неколку клучни пораки: САД се наш стратешки партнер кој помагал особено во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Наводите поради кои Мерко и неговото семејство се ставени на црна листа значи дека нашите органи треба да ги испитаат овие наводи кои Стејт департментот. Треба да се запрашаат нашите судски органи како САД дошле до тие податоци, а се наоѓаат на илјадници километри оттука, а тие не дошле до податоците.

Ова само покажува дека потребни се промени и генерален ремонт во праводускиот систем затоа што сакамае да живееме во европска држава. Во однос на правните и етичките аспекти градоначалникот Мерко ќе треба да одговори затоа што ова се сериозни обвинувања – рече Ковачевски од Виница.

Би можело да ве интересира

Додик: САД ги брише Србите од „црната листа“

Левица: Дали „универзитетот” на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Катерина Ѓуровски

Две години условна и 2.500 евра парична казна за Рамиз Мерко

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Мерко денеска на две рочишта за незаконско поставување директори во училишта во Струга и во Велешта

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица