Левица: Дали „универзитетот” на Мерко е легализирана дивоградба со намена семејна куќа?

Од:

Додека надлежните министерства молчат дали приватната градинка на Рамиз Мерко има дозвола, објавуваме нови сомнежи за работењето на овој контроверзен универзитет, велат од Левица.

– Станува збор за објектите во кој е сместен Меѓународниот универзитет Струга, формално во сопственост на блискиот соработник на Рамиз Мерко, Армен Кадриу. Сомнежите се дека овие бесправно изградени објекти биле легализирани со Решение за легализација во 2012 година (иако факултетот постои од 2009 г.) Скандалозното е што објектите во кои е сместен универзитетот се легализирани како семејни куќи (А1), наместо како објекти со намена-образование. Со други зборови, контроверзниот факултет на градоначалникот во заминување урбанистички е заведен како семејна куќа! Со ваквата легализација, Мерко ја оштетил општина Струга (каде тогаш бил власт) со неплатени комуналии од дури 90.000 евра.

Левица повторно прашува – зошто министерката Весна Јаневска молчи после спроведениот инспекциски надзор во овој универзитет?! Дали всушност се работи за предизборни договори и пазарења помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Рамиз Мерко?

Левица ги повикува надлежните институции да ги испитаат сомнежите дали овој универзитет впрочем е легализирана дивоградба како “семејна куќа”?! Дали оваа образовна установа има одобрен ПП елаборат, одобрена техничка документација и дали постои одобрен проект за образование со потребните елаборати и согласности?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повеќе од една година се централна власт и токму тие се најповикани да стават крај на незаконитостите на струшкиот универзитет. Наместо Мицкоски да шири празни флоскули дека расчистува со криминалот на ДУИ, време е неговите министри да преземат реални акции за откривање и санкционирање на бруталното безаконие, кое позади себе го остави токму Рамиз Мерко, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Левица: Братот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски на платниот списокот на Лотарија

А1он

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски