Ковачевски: Судски совет сам се бира и сам се оценува, добро е што ЕУ сега ќе го оценува

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама рече дека ја поддржува оценската мисија што Европската Унија ја најави за работата на Судскиот совет.

-Не е првпат да има оценска мисија од страна на Европската Унија, имало во минатото. Ова е тема на која јас со евроамбасадорот Дејвид Гир имам разговарано пред една и пол година, со оглед дека нашиот судски систем е независен од Владата, е независен од било кого во светот, кажа Ковачевски.

Потсети на реформите во судството, каде на почетокот судиите беа бирани во Парламент, па имаа мандати, па потоа се премина на друго решение, и на крај, вели, сега имаме решение во кое судиите имаат доживотен мандат, се бираат од страна на судски совет, како независно, стручно тело кое има свој интегритет, и оценката за нив повторно ја даваат повторно судии од Судски совет. Ковачевски повтори дека тоа е тело кое само се бира, само се оценува и самото дава анализа што направило.

Од првиот ден кога станав премиер додаде тој, сметав дека такви системи често пати знаат да имаат подруга слика за себеси од тоа што има јавноста на која и служат.

-И затоа добро е што во рамките на соработката што ја имаме со ЕУ, сега ќе можат да организираат процес на една таква мисија за да ги проверат сите информации во врска со функционирањето на судскиот совет и потоа да ги споделат и со Европската комисија и со нашите политички актери кои немаат субординација врз судството, и врз основа на тоа да бидат предложени соодветни реформи што ќе ја унапредат работата на правосудните органи во државата. Така што, ако ме прашувате конкретно дали ја поздравувам – ја поддржувам, вели Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава