Ковачевски: Со Вучиќ и Рама договоривме самит на Отворен Балкан во Охрид и саем на вино и храна во Србија

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше онлајн состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама посветен на идните чекори заедничката препознаена и успешна иницијатива Отворен Балкан.

„На состанокот тројцата лидери се договорија дека следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи првата половина од јуни во Охрид, а на почетокот од септември заеднички ќе се организира голем туристички саем на вино и храна во Србија на кој македонските, албанските и српските производители на вино и храна ќе имаат можност да ги презентираат нивните производи на гостите од регионот и Европа.

На самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата и затоа на овој состанок беа присутни и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

На денешниот состанок беше истакнато дека Отворен Балкан останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина“, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

Вучиќ за Милановиќ: „Не сум негов пион, не припаѓам во Бриони“

А1он

Милановиќ поради Вучиќ го откажа Процесот Брдо-Бриони: Не е можно српскиот претседател да дојде во Хрватска

А1он

Рама исклучува дијалог со Иран: „Со терористи нема преговори“