Ковачевски се сретна со Борисов: Да се развива довербата и да продолжи поддршката од Бугарија за членство на Македонија во ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, покрај програмата за неговата официјална посета на Република Бугарија одржа уште неколку активности, меѓу кои и средбата со Бојко Борисов и раководството на партијата ГЕРБ.

На средбата, на која присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи, и Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура, премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија и Бугарија започнуваат еден нов процес на соработка со цел да се обезбеди интензивирање и продлабочување на секторската соработка.

Ковачевски на средбата нагласи дека Владата на Северна Македонија е подготвена за видливи и мерливи резултати од реалниот интерес на граѓаните кои се фокусираат на враќање на довербата меѓу двата народи за да се реафирмираат пријателските односи и да се поттикне политичкиот дијалог за решавање на чувствителните прашања што се отворија меѓу двете земји.

За таа цел на денешната заедничка седница, рече премиерот Ковачевски на средбата со Борисов, се формирани работните групи за повеќе одделни области кои утврдија акциски планови за најважните приоритети, како на пример Коридорот 8.

Претседателот на Владата Ковачевски на средбата со претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов истакна дека очекува оваа партија, иако сега во опозиција, да продолжи со политиките за поддршка на Северна Македонија во нејзините аспирации за членство во ЕУ.

Претседателот на ГЕРБ Борисов од своја страна потенцираше дека треба да се искористи покренатиот процес за надминување на разликите за да се врати довербата како придонес кон европските интеграции на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски