Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски при честите средби со сенаторот Крис Марфи од него добил уверување дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат нашата земја додека претстои пат со тешки и храбри одлуки.

– Благодарение на поддршката од искрени пријатели како САД, денес Македонија стана земја фактор на стабилност во регионот и земја членка на НАТО. Денес сме земја со подобрен кредитен рејтинг, со зголемена минимална плата, зголемена просечна плата и зголемени пензии. САД и Македонија го покажуваат поимот партнерство на дело. Нашите американски пријатели се залагаат за демократско општество.Трговската размена со САД изнесувала 250 милиони долари – рече Ковачевски.

Премиерот планира да донесе тешки одлуки со цел граѓаните да имаат стандард каков што имале граѓаните во времето на СФРЈ, односно во тоа време далеку подобар од стандардот кој го имале земји како Бугарија, Полска, Романија кои денес се членки на ЕУ.

– Ние мора да им обезбедиме на нашите граѓани да живеат во членка на ЕУ. Ние сме била земја која потекнува од СФРЈ. Во тоа време имавме поголем стандард и од Чешка, Полска, Бугарија, Романија, Словачка и од сите земји кои станаа членки. Јас ќе донесам одлуки со цел граѓаните на Македонија да имаат повторно поголем стандард од сите граѓани од кои што порано сме имале поголем стандард – додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија