Ковачевски: Од заробена држава денес сме земја членка на НАТО со отпочнати преговори со ЕУ

Од:

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната пресконференција по завршувањето на регионалниот состанок на партиите на ПЕС посочи дека до 2017 година, граѓаните живееја во заробена држава.

„Кога СДСМ ја презема власта, презема еден скршен и нефункционален систем. До 2017 година, граѓаните живееја во заробена држава. Држава во која демократијата се распаѓаше. Бевме на 138 место во светот по слобода на медиуми.“ рече Ковачевски

Претседателот Ковачевски воедно потенцираше дека во дека земјата до 2017 беше земја во која изборите не беа фер и демократски и дека изборни измами беа секојдневие: „Северна Македонија беше земја во која лажни лични карти се користеа за да се добијат избори, земја во која избори се договараа по аеродроми и се знаеше точната маргина на резултат во следниот изборен циклус“ истакна Ковачевски

На пресконференцијата претседателот потсети на приоритетите на резимот во декадата пред 2017 и на фактот дека Северна Македонија беше земја во која наместо кај граѓаните, парите одеа во стиропори кои денес се распаѓаат и дека земја која се продаваше во светот како земја на евтина работна сила.“

Како контраст, претседателот Ковачевски ја истакна видливата разлика од владеењето на СДСМ во изминатите години. „Денес, само 6 кратки години подоцна, Северна Македонија е земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со ЕУ, демократија во која секој може слободно да го каже своето мислење, без да шепоти“ истакна Ковачевски.

Зборувајќи за економскиот развој и придобивките од социјалдемократските политики претседателот Ковачевски истакна дека со СДСМ денес Северна Македонија е земја во која парите на граѓаните одговорно се менаџираат, земја во која има од 60-100% повисоки плати, 50% повисоки пензии како и најголема помош во време на криза од 2 милијарди евра како и нови 10.000 вработувања само изминатата година во неговиот премиерски мандат.

„Денес сме земја која странските инвеститори ја сметаат за посакувана дестинација и затоа имаме рекордни странски директни инвестиции од над 750 милиони евра. Сите овие резултати се резултат на правилните политики и реалната работа вложена изминативе години. Тоа е суштината на социјалдемократијата.“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски порача дека правилни политики кои ги води СДСМ ќе продолжат да обезбедуваат реални придобивки за граѓаните и по 8 мај, откако СДСМ ќе ја формира проевропската Влада која ќе ја однесе земјата во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он