Ковачевски: Недоаѓањето на некои министри е порака за неоправданоста на руската агресија

Од:

„Ова е една исклучително значајна конференција која се одржува во Скопје. Ако ОБСЕ пред 30 години и помогна на Македонија, денес Македонија му помогна на ОБСЕ да биде најголемата регионална организација во Европа“, рече премиерот Димитар Ковачевски на пристигнувањето на Самитот на ОБСЕ кој се одржува во „Борис Трајковски“.

Според него, Македонија претседавала со ОБСЕ во најтешките моменти кога светот бил соочен со руската агресија врз Украина.

Во однос на недоаѓањето на некои делегации меѓу кои и на украинската поради присуството на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров,
Ковачевски рече дека секоја земја испраќа порака на свој начин.

– Вчера јас имав средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен и со министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Камерун, ние треба да бидеме свесни дека секоја земја испраќа порака на свој начин за војната во Украина и неоправданоста на оваа агресија. Истото ќе го направам и јас во првото излагање кое ќе го имам – истакна Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Лавров: САД и Израел не бараат нормализација на односите

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Лавров: Со Иран се случува истото како и со уништените Ирак, Сирија и Либија

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Лавров: Време е да се спроведе идејата на Путин за самит на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН

Лавров: Нема докази дека Иран развива нуклеарно оружје