Ковачевски: Не е исклучена предизборна коалиција на СДСМ со ДУИ и останатите албански партии

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски и лидер на СДСМ не ја исклучува опцијата неговата партија да направи предизборна коалиција со албанските партии со кои би настапиле на редовните парламентарни избори во 2024 година и која би била европски концепт.

– Во однос на конкретниот настап на парламентарните избори, тоа останува да биде дел од еден коалициски договор кој се прави врз основа на програма, усогласување на системот на вредности на повеќе партии, но ниту една опција не е исклучена во тој дел. Ако некој дал изјава за концептите во земјата, тоа сум јас. На една од трибините реков дека има два концепти. Едниот го предводи СДСМ и на тој концепт се приклучија и други партии како Алијанса за Албанците.

Вториот концепт се залага за изолација и блокада како што беше 11 години со стандард помал од денес, со нарушени односи со соседите и со ниту еден милиметар помрднување во европските интеграции. Тоа е она што го мисли и претседателот на ДУИ, Али Ахмети – истакна Ковачевски заборавајќи дека во периодот на изолација, како што смета тој, девет години дел од Владата беше и неговиот партнер Али Ахмети.

Во однос на изборниот настап, Ковачевски е убеден дека и претседателските и парламентарните избори ќе ги добие европската коалиција и концептот на СДСМ.

– На следните претседателски избори, кандидатот на европската коалиција и на политичките партии кои се залагаат за интеграција на Македонија во ЕУ ќе биде победнички кандидат, а подоцна на парламентарните избори коалицијата која е за европска Македонија ќе ја формира следната влада во државата – потенцира Ковачевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата