Ковачевски: Мерко кажува беседи за Вудро Вилсон, општината требаше одма да е отворена за проверки

Од:

„Беседа за Вудро Вилсон“ го нарече премиерот Димитар Ковачевски соопштението на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко објавено на Фејсбук страницата на општина Струга, потенцирајќи дека општината требаше веднаш да биде на располагање на истражните органи.

-Гледав дека од сабајле тој на социјалните медиуми има една беседа за Вудро Вилсон со американски знамиња и каде што кажува дека општината е отворена за сите истражни органи кои што треба да ги испитаат наводите и основите врз основа на кои тој се најде на црната листа. Тоа што тој го избеседи сабајле јас всушнoст го кажав и првиот ден дека општината треба да биде веднаш на располагање, да бидат направени сите проверки, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе.

Како што кажа, добро е што јавното обвинителство веќе формирало комисија која што тоа треба да го испита случајот и на таков институционален начин треба да функционира државата.

-Повторувам Владата ниту е обвинител ниту е судија. Јас нема да го правам тоа што го правеле некои поранешни премиери заради што мора да одат да живеат во други земји, рече премиерот Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Обвинение за Мерко за бесправно проширување на хотелот „Дрим“

Продолжи судењето против Мерко и за утре тројца за фалсификување исправа и за несовесно работење во училиштето во Велешта

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Укинат факултетот за здравствени науки во Струга, Владата ја поништи одлуката од претходното владино раководство

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

ВЛЕН: Универзитетот на Мерко, кој е на американската црна листа, доби бакшиш од министерот – aкредитација за Медицински факултет

A1on