Ковачевски-Маричиќ: Усвоената преговарачка структура е клучен следен чекор во евроинтеграцијата

Од:

Владата на Република Северна Македонија ја донесе одлуката за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. За ова, и за другите заклучоци подетално ќе ве информира вицепремиерот задолжен за европски прашања, кој воедно, согласно одлуката на Владата ќе биде и главниот преговарач, за што му посакувам многу успех и секако очекувањата се амбициозни за него и неговиот тим. И јас и вицепремиерот сме сложни по ова прашање, преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и да се затворат што е можно поскоро,изјави на денешната прес-конференција премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека со одржувањето на првата Меѓувладина конференција направивме историски чекор во стратешка смисла, ја повторивме нашата заложба за полноправно членство во Унијата и со тоа ги потврдивме европските вредности за кои се залагаме. Преговорите официјално започнаа, а со тоа се наметна потребата што поскоро да се направи концепт за преговарачката структура, согласно новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ.

Ковачевски наведе дека преговарачката структура која ја усвоивме денес ќе биде поддржана и од експерти, државни службеници кои со години работат на ова поле, а секако ќе се надградува и со експерти и стручни лица надвор од институциите но и надвор од државата кои имаат искуство со водење преговори и пристапување на други држави во ЕУ. Нашата заложба и намера е да обезбедиме квалитетна и ефикасна структура која ќе може да се носи со сите предизвици.

Тој потенцираше дека верува во капацитетот на Секретаријатот за европски прашања како надлежен да ги води преговорите, кој во целиот процес ќе координира и ќе дава поддршка на институциите и убеден сум дека ќе имаме квалитетна подготовка за преговорите.

Ние како Влада сме посветени на европските реформи и што поскоро вградување на европските закони и стандарди во нашиот систем. Тоа е основата за ефикасно воден процес на интеграција и преговори за членство со најдобри можни исходи. Тука, би сакал да потенцирам дека преведувањето на законодавството на ЕУ чие прифаќање и усогласување е еден од инструментите за успешна интеграција е во тек, и дека ние вложуваме и ќе продолжиме да вложуваме интензивно во преводите на европското законодавство на македонски јазик,изјави Ковачевски.

Со официјалниот почеток на преговорите во јули оваа година се наметна потребата за итно консолидирање на координативниот механизам за водење на пристапниот процес. Според мене, клучната алка која ќе обезбеди координација и поддршка на сите реформи поврзани со евроинтегративниот процес и имплементација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација (која останува во сила се до потпишувањето на пристапниот договор за членство во Унијата),изјави вицепремиерот Маричиќ.

Тој истакна дека целта која си ја зададовме е – завршување на преговорите до крајот на оваа декада и членство во Унијата до 2030. Нашата иднина е во ЕУ, и затоа потребно е преку максимална посветеност и ангажираност, да се вклучиме, да ја искористиме шансата која е пред нас, и со брзи чекор и самоуверено да одиме напред кон полноправното членство во ЕУ. Следува динамичен период за институциите и администрацијата, каде имаме за адресирање бројни аспекти во 6 кластери, 3 области и 33 преговарачки поглавја.

Маричиќ наведе дека пред нас е тешка задача, која е остварлива бидејќи имаме јасна поставена цел и визија за нашата држава.

Околу таа визија и оваа стратешка цел мора да се обединат сите, вклучувајќи ги и опозициските партии, бидејќи ова е процес од интерес на државата. Целосно сме подготвени за почеток на скрининг процесот и убеден сум дека ќе ја исполниме динамиката на предвидената рамка за завршување на процесот,додаде Маричиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Ковачевски: СДСМ со граѓанското општество направи многу исчекори, заеднички ќе ја исполниме и целта за членство во ЕУ

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ не беше фер, но нема откажување од европската иднина

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Со влез во ЕУ, просечната плата од 1300 евра и 800 евра минимална плата

Катерина Ѓуровски