Ковачевски ќе разговара со украинскиот премиер

Од:

На вчерашната седница е разгледана и усвоена Информацијата за безбедносната ситуација во и околу Украина, при што е задолжено Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции, да ги преземе сите потребни мерки за осигурување на безбедноста на членовите од Република Северна Македонија при Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ во Украина.

„Во моментот, нашите набљудувачи, кои се околу 30-тина, се безбедни и ги извршуваат своите редовни обврски и во случај на дополнително влошување на ситуацијата, се наметнува потребата од брз и ефикасен ангажман во насока на осигурување на нивната безбедност.

Во однос на нашите државјани, Амбасадата на Северна Македонија во Киев има евидентирано бројка од 100-тина кои ги доставиле своите податоци дека престојуваат во Украина и од нив заклучно со вчера, се вратиле 13-мина.

На новинарското прашање дали и колку нашата земја може да прими бегалци од Украина доколку дојде до нов миграциски бран од оваа земја, беше речено дека како и во повеќе наврати досега, Владата ќе понуди помош и во случај на ескалација во Украина, иако сите напори се во насока тоа да не се случи.

„Во оваа насока е и денешниот телефонски разговор, кој премиерот Димитар Ковачевски ќе го има со својот колега, Денис Шмигаљ, претседател на украинската Влада со кого меѓу другото ќе разговара и на оваа тема и по овој контакт, Владата ќе направи проценка во врска со видот на помошта што ќе ја понудиме како држава“, информираат од Владата.

На прашањето за тоа дали нашата држава ќе се приклучи на санкциите кон Русија, кои ги подготвија ЕУ и САД, портпаролите го изнесоа ставот дека Северна Македонија е на линија за постигнување на 100% усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Во однос на пакетот санкции на Унијата кој што се најавува, Владата дополнително ќе расправа и ќе одлучи, за што јавноста ќе биде информирана, рекоа портпаролите.

Би можело да ве интересира

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировен процес

Каде исчезнаа парите за Украина: Трамп помладиот ја започнува истрагата на векот

Горан Наумовски

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина