Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировен процес

Од:

Киев продолжува со залуден отпор наместо да донесе одговорна одлука и да го отвори патот за мировниот процес, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

– Режимот во Киев продолжува со својот залуден отпор наместо да донесе неопходна, одговорна одлука и да го отвори патот за продолжување на мировниот процес, изјави Песков пред новинарите, објави РИА Новости.

Песков рече дека руските вооружени сили ги продолжуваат своите стратешки воени операции и продолжуваат да ја обезбедуваат безбедноста на руските региони.

„Нашите вооружени сили продолжуваат со својата специјална воена операција и продолжуваат да ги остваруваат своите цели, како и да ја обезбедуваат безбедноста на руските региони“, рече Песков.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат