Ковачевски: Да повторам и по четврти пат за еден ден, изборот на надзорот за автопатите е законски

Од:

Откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за наводите за сомнителниот избор на надзорот за коридорите 8 и 10, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека сите документи од тендерската постапка ќе им бидат доставен на институциите вклучително и до Антикорупциската комисија.

– Ова прашање го одговорив вчера трипати, еве и четврти пат. Бехтел и Енка е избран од сите пратеници во Собранието со закон, а законот е потврден од Уставниот суд. Надзорот пак, е избран низ законска постапка која ја водеше Јавното претпријатие за државни патишта.

Институциите кои имаат надлежност треба да го проверат целиот проект и антикорупциска да постапи и да ги испита сите наводи. Сите документи ќе бидат доставени од Антикорупциска комисија. Со оглед на тоа дека еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека биле барани средства, ги повикав и владите на САД и на Турција да кажат дали некој од нив или од нивната компанија нешто барал додека се подготвувал овој проект – истакна Ковачевски.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, следејќи ги информациите по медиумите поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10, со цел да ги провери наводите што се изнесуваат во јавноста, отвори предмет по допрен глас.

-Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител, кој презема дејствија и ќе изврши проверки, по што ќе донесе јавно-обвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката, велат од ОЈОГОК.

По објавите во медиумите во однос на компаниите вклучени во конзорциумот ИРД што беше избран за надзор, Антикорупциската комисија најави дека ќе ги провери наводите.

Според најавите, стартот на проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10 во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра е предвиден за почетокот на следниот месец.
Владата минатата недела на седница ја одобри и првата транша во износ од 87 милиони евра од вкупн0 243 милиони евра предвидени за годинава.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ за регионите каде што живеат Албанци не изгради ниту еден крупен инфраструктурен проект

ДУИ: Коридорот 8 е наше дело

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата

Мицкоски: За брзата пруга од Коридорот 10 има интерес од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа

Димитриеска-Кочоска: Голем е интересот за изградбата на брзата пруга од Коридорот 10

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци