Котевски ги поднел и оставката и извештајот до Владата за инцидентот зо затворот „Скопје“

Од:

Директор на истражниот затвор „Скопје“ Ѓоко Котески потврди за МИА дека вчера до Владата ги доставил оставката и извештајот во врска со инцидентите во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески.

Извештајот за инцитентот, како што рече, го доставил и до Министерството за правда и до Управата за извршување санкции

Котевски посочи дека првично биле покренати дисциплински постапки за 11 лица во затворот „Скопје“, кај кои биле утврдени пропусти во постапувањето и додаде дека оваа бројка не е конечна.

Јанакиески и Ристовски во средата беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните во Собранието на 27 април 2017 година. По инцидентот во затворот на Јанакиески му е заменет притворот со мерка „куќен притвор.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он