Котески: Градоначалникот на Битола се крие 8 месеци

Од:

Пред месец и половина, претседателката на Советот, Силвана Анѓелевска превзеде обврската да го обезбеди присуството на општиноначалникот Владимир Талески на седница. Ја повикуваме претседателката на советот, да си стои на зборот и конечно да се одважи и да го повика Талески, после 8 месеци и 11 седници криење, да се појави на седница на Советот на општина Битола и да даде одговор на прашањата од граѓаните и од советниците, изјави денеска Благојче Котески, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ.

– Го повикуваме мнозинството на советот предводено од ДПМНЕ да се одважи и да гласа „за“ проширување на дневниот ред и да овозможи расправа во Советот за Договорот за продажба на ФК „Пелистер“ помеѓу општина Битола и ДОО Цермат – нагласи Котески.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!