Костовски: Уште колку тајни ветувања дал Заев на Бугарија како дел од договорот?

Од:

„Јавноста е шокирана од незаконските и вандалски постапки на СДСМ. Рушењето на споменикот на македонскиот револуционер Андон Јанев Лазов – Ќосето кое беше изведено во раните утрински часови е нелегално.

Ова е извадок од деталниот урбанистички план со впишана маркица за поставување на споменикот, донесена од Советот на општина Центар. Врз основа на оваа маркица е донесена одлука на град Скопје за поставување на споменикот.

Ова е одлуката на Советот на град Скопје, со која се одобрува подигање на спомен обележјето на Ќосето. Оваа одлука е донесена со бадентерово мнозинство на Советот на 15.07.2014 година врз основа на чл.36 од Законот за локална самоуправа и чл.18 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја.

Овој правен акт е се уште на сила. Согласно оваа одлука градот Скопје има обврска да го чува, одржува, заштитува и користи споменикот. Оттука постапката на град Скопје за рушење на споменикот е целосно незаконска и претставува акт на вандализам.

Рушењето на споменикот е обид за рушење на идејата за Македонија. Идејата која била мисла водилка на генерации Македонци кои животот го ставија на располагање на татковината“, вели Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста е шокирана од зборовите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки кој тврди дека рушењето на споменикот е исполнување на договорот за добрососедство со Бугарија.

Зоран Заев, МНР и Петре Шилегов молчат и не го демантираат Џамбазки.

ВМРО-ДПМНЕ прашува уште колку тајни ветувања дал Заев на Бугарија како дел од договорот и колку отстапки треба да направат Македонија и македонскиот народ во иднина.

Јавноста е фрапирана со која леснотија СДСМ руши и уништува. Копирање на постапките на Талибанците и ИСИС не значи просперитет, туку назадување.

Наместо нови улици, патишта, училишта, болници, водоводи и канализации, секојдневно сме сведоци на деструкција со која се прикрива безидејноста и неспособноста.

ВМРО ДПМНЕ откако ќе се врати на власт ќе ги исправи неправдите и незаконските постапки на СДСМ“, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ