Костовски: Сите пратеници да покажат одговорност и да ги поддржат уставните измени

Од:

СДСМ ги повикува сите пратеници на одговорност, да се вклучат во дискусијата во Собранието и да ги поддржат уставните измени. Сите 120 пратеници, како претставници на народот и избрани од народот, имаат обврска на прво место да ги стават граѓаните, да ги стават државните, национални и стратешки интереси, изјави денеска на прес-конференција во Парламентот, пратеникот Мартин Костовски.

– Свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби за создавање на самостојна и суверена држава Македонија, мора да покажеме одговорност пред иднината на татковината. Имаме неповторлива шанса да го продолжиме европскиот пат и да оствариме уште една стратешка цел: членство во ЕУ до 2030 година. Со признаен и потврден македонски јазик во ЕУ и македонски идентитет. Да бидеме рамо до рамо на големата маса, рамо до рамо со државотворните европски народи. Граѓаните сакаат и заслужуваат да бидат европски граѓани, да имаат европски квалитет на живот и европски животен стандард, во европска држава, а тоа да биде нивната родна земја, рече Косотвоски.

Предлогот за измена и дополнување на Уставот е доставен до македонското Собрание. Како што посочи, измените се однесуваат на додавање делови од народи во Уставот, во Преамбулата и во само два члена, 49 и 78. Се додадат деловите од бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ.

– Целата македонска јавност, сите граѓани, може да се уверат дека станува збор за измени кои само го унапредуваат македонскиот устав и го зајакнуваат македонскиот идентитет. Прво, затоа што ги унапредува основните права на деловите од народи кои живеат во нашата земјата и второ ја истакнува посебноста на македонскиот народ. Еднаш засекогаш да ставиме крај на тезата: еден народ – две држави. Затоа, да се обединиме околу иднината на земјата со глас за Европа во македонското Собрание. Да не дозволиме ситни интереси на поединци и политички кариери скапо да ја чинат земјата и да влезе во нова изолација која ќе трае со години. Да не дозволиме самите од внатре да се блокираме на патот кон и ЕУ, и нови загубени 10, 15 или 20 години додека регионот напредува. Без уставни измени нема членство во ЕУ. Сите пратеници коишто навистина се за членство во ЕУ ова е шансата на дело да ја докажат. Без изговори, без калкулации. Глас за Европа е глас за подобра македонска иднина, повика Косовски.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он