Министерството за правда се уште нема добиено одговор од Косово за екстрадиција на двајцата обвинети за петкратното убиство кај Смилковско езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
Претседателот на Судечкиот совет кој го води случајот Монструм, Огнен Ставрев, на денешното рочиште рече дека по трет пат се обратил до Министерството за правда да се информира за постапката. Оттаму му било кажано дека истата е во тек, но се уште нема конкретен одговор од Косово за екстрадиција.
Предметот Монструм од страна на Врховниот суд е вратен повторно во судска постапка од почеток откако на доживотна казна затвор за тероризам беа осудени обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута.
Основниот суд во Приштина веќе еднаш на 29 октомври 2015 година донесе одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири.
Виктор Јованов