А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Косово проверува дали преку Македонија влегува српско брашно

by А1он20/02/2019 - 15:10267
Share0

Застој на протокот на македонското брашно кон Косово има поради дополнителни проверки дали преку Сецерна Македонија се врши реекспорт на брашно од Србија. За проблемот се запознати властите во земјата и веќе е стапено во контакт со одговорните на Косово.

Добивај вести на вибер

Министерот за економија Крешник Бектеши потврди дека проблем постои за што веќе разговарал со производителите на брашно во земјава и стапил во контакт со колегата од Косово.

Како што изјави одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Стопанската комора со Групацијата на преработувачи на месо, добил уверување од косовскиот колега дека проблемот ќе биде разрешен за неколку дена.

-Ние се грижиме за секој сектор што покажува и фактот дека заедно со министерот за земјоделство кога се воведе царина стапивме во контакт и го решивме проблемот, истакна министерот.

Тој оцени дека билатералните работишто ги имаат другите држави да не влијаат врз нашите производи.

Од Министерството за економија наведуват дека последните информации од Царината посочуваат дека нема застој на граничниот премин, ниту вратени камиони.

Откако се воведени царините на Косово во ноември и декември од Македонија се увезени на Косово 2416,6 тони брашно во вредност од 672071 евра. Вкупниот извоз во првите 10 месеци од минатата година е 38,6 тони брашно.

brasnokosovomakedonijasrbija

Би можело да ве интересира

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:4525/03/2026 - 12:05

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он22/03/2026 - 11:06

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ21/03/2026 - 17:1121/03/2026 - 17:55

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Предраг Петровиќ21/03/2026 - 15:10

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 21:1220/03/2026 - 21:14

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ20/03/2026 - 15:5620/03/2026 - 17:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен