Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

Од:

Разумно е на Северна Македонија да и се гарантира дека нема да бараме да прави ништо повеќе подоцна, откако ќе го стори она што сега го очекуваме и сакаме од неа, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија.

– Северна Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија Уставот, го сменија знамето, го сменија и името на земјата и секако очекуваат да се конкретизира пристапувањето. Но, она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат, додаде Кошта.

Тој истакна дека лично е ангажиран и разговара со властите во Софија и во Скопје и дека очекува по завршувањето на изборниот период во земјава да продолжат разговорите и „некако да се постигне напредок во овој процес“.

– Во исто време, многу е важно да се изгради доверба. Исклучително е важно да се изгради доверба. Тоа е една од причините зошто ги повикуваме владите да работат на специфични прашања што можат да ја подобрат поврзаноста на двете страни. Тоа може да ги подобри условите и конкурентноста во двете економии. Да се поврзат двата народа, рече Кошта.

Според него, пристапувањето кон е ЕУ е процес кој бара многу и е многу тежок, при што треба да се спроведат реформи, но најважно е да се промени начинот на размислување.

– Најважното нешто во регионот е одлуката дека само самиот регион може да ги надмине конфликтите од минатото и да се фокусира на заедничка иднина. И тоа е најважното нешто. Кога има каков било сомнеж дали е тоа можно, секогаш запомнете како всушност е родена Европската Унија. Нашата Унија е родена од пепелта на Втората светска војна, кога Франција и Германија, по три драматични војни, одлучија да ги надминат конфликтите и да работат заедно за изградба на заедничка иднина, истакна Кошта.

Тој оцени дека регионот мора да го следи тој пример и да продолжи понатаму за да отвори нова страница за просперитет и мирна иднина за сите.

Жељзаков од своја страна нагласи дека Бугарија и со одлука на Собранието потврдила дека нема да поставува никакви други барања за земјава.

– Се надеваме дека говорот на омраза и почитувањето на правата на бугарското малцинство, вклучително и обврската да биде вклучена во Уставот на Република Северна Македонија, ќе бидат исполнети, бидејќи ова е предуслов за да продолжат по патот кон полноправно членство (во ЕУ), додаде Жељазков.

Би можело да ве интересира

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Ѓорѓиевски: Почна големото чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, мобилизирани сите јавни градски претпријатија

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема