Корекција на ДИК – пресмета 1.416 нови гласачи и дополнителни 98 неважечки ливчиња

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска донесе заклучок со коj исправа техничка грешка при објавувањето на резултатите доцна попладнето во четвртокот, а во однос на резултатите од предвремените парламентарни избори.

Според документот, ДИК пресметало дека има дополнителни 1.416 гласачи и дека е зголемен бројот на неважечки ливчиња за 98.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, за „А1он“ изјави дека овие бројки нема да влијаат врз изборниот резултат.

ДИК во четвртокот соопшти дека гласале 942.334 гласачи, а од нив 31.466 биле неважечки. Според направената исправка излегува дека бројот на граѓани кои гласале е зголемен за 1.416 од првичната статистика, а бројот на неважечки ливчиња е зголемен за 98.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието