Координирана контрола во локалите во Центар

Од:

Општина Центар во заедничка акција со УЈП, МВР, СВР Скопје, Градски паркинг и Јавното претпријатие паркинзи на општина Центар синоќа извршиле контрола на 20 угостителски објекти во Дебар Маало, на улиците „Македонија“, „Пролет“ и во други делови на локалната самоуправа.

За овие локали, како што информира општина Центар, граѓаните се жалеа дека го нарушуваат редот и мирот со гласна музика, бесправно узурпирање на јавниот простор со поставување на тераси и паркирање на возила на недозволени места.

– На дел од угостителските објекти им се изречени мандатни казни, на дел им е даден рок да достават документација и да го усогласат просторот според пропишаните параметри. Доколку рокот не биде испочитуван ќе им биде изречена соодветна глоба или ќе бидат затворени. Непрописно паркираните возила веднаш беа отстранети од ЈП ПОЦ и Градски паркинг, соопшти општина Центар.

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ изјави дека е воспоставена целосна координација со сите институции и нема да се толерира незаконско работење на територија на општината.

Во следниот период, како што информира општина Центар, со правосилни решенија ќе се пристапи кон отстранување на дивите и незаконски поставените тераси и ќе има зачестени контроли на угостителските објекти.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред, УЈП најавува контроли

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР