Контролата на Државниот инспекторат не покажала неправилности во фирмата за медицински отпад

Од:

Битолската фирма „Еко клуб“ во текот на минатата година до Дрисла транспортирала 4700 килограми медицински отпад, а само во јануари, како што вели градоначалникот Петре Шилегов, откако Градот Скопје располага со материјали за неправилности во работењето, транспортирала 1900 килограми.

Извештајот од спроведената контрола вчера на инсталацијата во:” Металски завод Тито” : за третман на медицинскиот отпад, од Државниот инспекторат за животна средина се чека, а вонредната контрола, пак, спроведена на 12 декември на „Еко клуб“ од страна на инспекторатот, не покажала неправилности.

Целиот овој случај го имавме на 10 декември 2019 година, на 13 декември во изјава целиот настан е пријавен во Јавното обвинителство.

Градот не чекаше воопшто, а зошто нема преземено ништо треба да се упатите кон ЈО, изјави Шилегов во одговор на новинарско прашање при днешната посета на „Дрисла“

Министерот за животна средина Насер Нуредини истакна дека за случајот е информиран вчера и ги повика сите засегнати страни да соработуваат и да се најдат решенија што се потребни.

За ова бев информиран вчера. Детално ќе ги погледнеме сите наоди што ги направиле инспекторите и заедно со општнските инспектори ги охрабруваме сите надлежни институции, инспекцискиот совет, ЈО, како и сите засегнати страни да соработуваат за да ги најдеме оние решенија што ни се потребни, порача Нуредини.

Раководителот на секторот за инспекциски надзор во животна средина и природата Хисни Тачи, увери дека конроли се прават редовно, но и вонредни по потреба.

Дозволи за транспорт на медицински отпад имаат четири компании, а три за третман на медицинскиот отпад.

Тачи истакнува дека редовно ги контролираат фирмите кои се под нивна надлежност.

Последниот надзор во посочената фирма е спроведен во декември и дека дента кога е вршена контролата, а направена била по објавени информации во медиумите, не е констатирана неправилност во работењето.

Последен надзор е напавен во декември на 12-ти.

После тоа е извршен надзор во јануари. Контрола вршиме и во дугите форми што транспортираат опасен отпад, како тетовската Рецикле, Еко Клуб и Дрисла.

Дрисла редовно ја контролираме во делот на транспортирање и депонирање, а секој месец се прави контрола во Дрисла, појасни Тачи, во одговор на новинарско прашање.

Тачи вели дека инспекторатот е надлежен за инсталации кои преработуваат термички медицински отпад, отпасен отпад и дека градскиот инспекторат не е надлежен да ги контролира ваквите инсталации.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

„Дрисла“ се соочува со казна од 120.000 евра и шест илјади евра за управителот, за загадување на Маркова река

Дрисла: МВР и ОЈО да ги пронајдат подметнувачите на пожарот во депонијата