Конституиран советот на општина Прилеп

Од:

Со верификација на мандатите и со избор на претседавач, денеска се конституираше Советот на општина Прилеп. Четиригодишните мандати 27-те членови на советот ги верификуваа и ја потпишаа заклетвата. Составот на советот брои 15 советници од редовите на СДСМ и 12 од ВМРО-ДПМНЕ.

На конститутивната седница беа поканети поранешниоте градоначалници, бизнис секторот, претставници од општествениот живот во градот.

За претседател на советот е избран Миле Талески, од редовите на СДСМ.

Како нов претседател на советот Талески се заложи за конструктивна работа во интерес на граѓаните, со вклучување и на позицијата и на опозицијата во активностите и одлуките на советот.

– Функцијата претседател ја чувствувам како чест, но и како обврска за да работам во интерес на сите граѓани, без разлика на верската, политичката или националната припадност. Ќе се залагам да нема наметнување на волјата на мнозинството врз малцинството, ниту пак наметнување на волјата на градоначалникот врз советниците. Пред нас е можноста да донесеме одлуки за добробит на граѓаните и за развој на Прилеп. Одлуки со кои ќе го подобриме животот на младите и ќе ги стимулираме да останат во градот, но и за современа инфраструктура, нови инвестиции и вработувања. За ова е потребна отворена соработка помеѓу сите членови на советот, без разлика дали се од позицијата или опозицијата, рече Талески.

Одговарајќи на прашање за организацијата на 3 Ноември, денот на ослободувањето на Прилеп и за доделувањето на награди на успешни институции и поединци, Талески рече дека иако времето е многу кратко, во најскоро време ќе се формира Комисијата за одбележување значајни настани и личности за да се одбележи овој значаен датум во историјата на градот.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, посакувајќи му успешна и плодна работа на новиот совет, рече дека целосно ќе соработува за успешна работа на комплетната локална самоуправа.

– Им го честитам изборот на советниците за наредните четири години. Се надевам дека успршно сите заедно ќе ја водиме општината, без разлика на политичката припадност. Уверен сум дека во иднина граѓаните ќе имаат подобар живот со она што ќе им го овозможиме ние, советот и јас како градоначалник, рече Јованоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори