Конкурс за стипендии за студии на првите 100 најдобри универзитети во светот

Од:

Министерството за образование и наука на stipendii.mon.gov.mk објави Конкурс за доделување стипендии за студенти кои во академската 2016/2017 година ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на некој од 100-те најдобри универзитети во светот, според рангирањето на Центарот за универзитети од светска класа при Универзитетот Џио Тонг од Шангај.

Ова е петта година откако МОН го објавува Конкурсот и досега можноста ја искористиле околу 150 македонски граѓани. Како и во изминатите години, кандидатот треба да е државјанин на РМ, да не е корисник на друга стипендија, да има постигнато одреден успех и да е примен на еден најдобрите сто универзитети. Студентот  има обврска, согласно со договорот што ќе го потпише, да се врати во Македонија и да работи во јавниот или во приватниот сектор најмалку двојно поголем период од времетраењето на студиите.

Износот на стипендијата зависи од земјата и универзитетот на кој кандидатот се запишал. Од минатата година Владата дефинираше области кои се приоритетни зашто се дефицитарни во Македонија: технички науки, архитектура, градежништво, математика, меѓународно право, меѓународна економија и финансирање, физика, биологија, хемија и генетика.

Стипендијата го покрива трошокот на уписнината најмногу до 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надомест и трошоците за превоз. Крајниот рок за аплицирање е 1 септември 2016 година.

Заменик-министерот Спиро Ристовски апелираше сите заинтересирани кои планираат да се запишат на некој од топ 100-те универзитети во светот да ги подготват документите и да аплицираат за стипендија што ја обезбедува Владата на РМ.  Услов е да биде примен на Универзитетот во странство и потврдата за тоа да ја приложи во МОН.

– Оваа година неколку месеци е порано Конкурсот за студентите да имаат време да се подготват, да размислат, да аплицираат.  Со ова како Влада покажуваме исклучителна решителност за овој проект. Република Македонија е единствена земја од регионот што го реализира проектот. Ова за нас е крупна инвестиција со оглед дека студентите потоа имаат обврска да се вратат и таа своја капитална образовна инвестиција да ја дадат на располагање на Република Македонија, изјави Ристовски.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите