Конкурс на МИМ „Новинарски награди 2020 Никола Младенов“

Од:

До 31 март е отворен Конкурсот за новинарски награди за 2020 година на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на МИМ и воведувањето на новинарските награди за најдобра истражувачка сторија, МИМ го редизајнираше концептот на наградите – од 2021 година конкурсот е насловен „Новинарски награди Никола Младенов“.

МИМ соопшти дека ќе се доделуваат три годишни награди, во категориите: Најдобра истражувачка сторија; Најиновативен новинарски производ и Најдобра репортерска фотографија.

– Целта на МИМ е и потаму да ги поддржува и да ги наградува најдобрите истражувачки стории, истовремено отворајќи можност за поддршка и за афирмација и на други форми на новинарско изразување, информира Македонскиот институт за медиуми.

На конкурсот може да се пријават сите новинари и фоторепортери, кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив. Пријавените материјали треба да бидат објавени во текот на 2020 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во нашата земја.

Еден автор или група автори може да аплицираат со најмногу три различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози. Секој фоторепортер може да учествува со најмногу три фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција.

Како и досега, пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

Во Конкурсот „Новинарски награди 2020 Никола Младенов“, објавен на веб-страницата на МИМ, се наведени повеќе информации за критериумите и начинот за аплицирање и се достаппни формулари за пријавување за соодветна категорија.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски