Коњановски: Македонија да одгледува сорти овошје што се бараат на пазарите

Од:

Вакви треба да бидат насадите што во иднина ќе се садат и одгледуваат во Македонија, сорти кои ги посакува Европа. Мораме да го менуваме менталитетот, она што се случува во европски и светски рамки да го применуваме и тука, рече заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски по денешната промоција на опитниот овошен насад во основното училиште „Цар Самоил“ во Ресен.

Ова, додаде, е вистинскиот пат за унапредување на овоштарството. Досегашната политика во изборот на сортите се покажа како неефикасен.

Експерименталниот насад во училиштето „Цар Самоил“ треба да биде појдовна основа за натамошниот развој на овоштарството не само во Преспа, туку воопшто во државава. Министерството е подготвено да помогне во секој момент во оваа насока, колку што е во можност, потенцира Коњановски.

Опитниот овошен насад е подигнат со поддршка на УНДП. – Она што денеска го презентираме е иднината на Преспа. Интензивен, современ насад на кој се застапени сорти актуелни на европските пазари, но и ендемични, препознатливи за Преспа од времето на нашите дедовци, истакна директорот на училиштето Наумче Тосковски.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници