Коњановски ги смирува лозарите

Од:

Четири милиони евра чини долгот на винариите кон лозарите за грозјето од последната реколта. На 30 април по истекувањето на законски крајниот рок за исплата на грозјето, министерството, согласно Законот најави одземање на лиценцата за откуп на девет винарии, меѓу кои и Повардарие.

Но изненади Уставниот суд кој укина три члена од законот за вино кои се однесуваат токму на почитувањето на договрот во делот на исплатата. За лозарите ова е неприфатливо и бараат подршка од министерството.

Со оглед на тешката финансиска криза во која се наоѓаат лозарите поради тоа што со години веќе немаат сигурен откуп, а и цените на грозјето се ниски, постои опасност оваа година да биде пресудна за лозарството.

За ова има сериозна основа и по пропаѓањето на парите на лозарите кои го имаа дадено грозјето во Агрокомбинатот Џумајлија, ако сега не им исплати грозјето што го имаат дадено во Повардарие, намалувањето на лозовите плантажи ќе продолжи и натаму бидејќи земјоделците ќе немаат пари за да ги обработуваат лозјата.

Од 2006 година наваму површините под лозови плантажи с енамалија за 6000 хектари. Повеќе од видеото.

Анета Василева

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

Градоначалникот Димитриевски бара јавно да се објави списокот на сите земјоделски концесионери со информации за плаќање на концесиски надоместок

Видео: Имате запуштени ниви? Ем ќе плаќате повеќе данок ем државата ќе ви ги издава

Иновации, нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно, одржливо и конкурентно земјоделство, најавува Владата

А1он

Средба на партнерите од коалицијата „Можеме“: Беса го добива ресорот Земјоделство

Жарко Настоски