Конгресменката Џонсон – нов член на групата пријатели на Македонија

Од:

Конгресменката Еди Бернис Џонсон од Демократската партија,  и се придружи на Конгресната пријателска група за Македонија и Македонците во САД, со што нејзиниот број достигна 18 членови.

Конгресменката Џонсон е претставник на Тринаесетиот Конгресен дистрикт на Тексас и e дел од Конгресот од 1992 година.  Во декември 2010 година, таа беше првата Афроамериканка и првата високо-рангирана жена – член на Комитетот за наука, вселена и технологија.  Од 2000 до 2002 година, беше член на Поткомитетот за истражување и научна едукација.  Од доаѓањето во Конгресот, конгресменката Џонсон има репутацијата на лидер посветен на подобрувањето на надворешната политика и врски на САД. Таа напорно работи на подобрувањето на човековите права во светот. Иницијативата „Жени од светот, за мир во светот“ на конгресменката Џонсон е национално и меѓународно призната.

– Конгресменката Џонсон е пријател на Македонско-Американската заедница и на Македонија, земја која што ја има и посетено.  ОМД и Македонците во САД се почестени што конгресменката Џонсон и се придружи на Конгресната група на пријатели и ја поздравуваме нејзината помош за Македонија и нејзиното членство во НАТО, порача претседателот на ОМД, Методија А. Колоски.

Конгресната пријателска група за Македонија, со која претседава долгогодинешната пријателка на Македонија конгресменката Кендис Милер (републиканка од Мичиген), служи како тело за оддржување, но и зајакнување на позитивната и взаемно корисна врска помеѓу Соединетите Американски Држави и Македонија.

Давајќи и глас на Македонско-Американската заедница во Вашингтон, ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на Конгресната група за Македонија за продлабочувањето на врската помеѓу САД и Македонија.  ОМД ги охрабрува сите Американци со македонско потекло да ги контактираат своите претставници во Конгрес и да ги замолат да се придружат на Конгресната група за Македонија.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски