Конгрес на Движењето за реформи на ДПА, Села избран за претседател

Од:

Струшкиот градоначалник Зијадин Села е избран за нов претседател на Движењето за реформи на ДПА откако ја доби довербата од делегатите на конгресот што денеска се одржа во Тетово.

Според Села нивниот конгрес е легитимен бидејќи е според статутот и правилата на партијата.

– Ќе се обратам до поранешниот претседател на ДПА, Тачи да ги врати печатите, а доколку тој не го стори тоа ќе поведеме судска постапка што според мене треба да ја добиеме бидејќи ние сме работеле според правилата во статутот. На крајот од краиштата ДПА не е поединечен човек, ниту Тачи, ниту Села, туку ДПА е поширокото членство, изјави Села.

Тој посочи дека доколку изгубат на суд околу сопственоста за името и симболите на ДПА согласно одлуката на денешниот конгрес, новоизбраното централно претседателство ќе отпочне процедура за регистрирање на нов политички субјект.

Села најави дека во следниот период ќе започнат и процес на окрупнување на опозицискиот албански политички фактор во Македонија, при што како што рече Села процесот ќе ги опфати не само политичките субјекти, туку сите граѓани што не се дел од извршната власт.

Актуелниот претседател на ДПА Мендух Тачи претходно изјави дека нема по судски пат да бара спречување на конгресот од приврзаниците на Села за тоа да не им биде оправдување и оти ќе ги остави луѓето и структурите кои излегле од ДПА да одат по свој пат.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он