Конференција за современите предизвици во јавната администрација

Од:

Во организација на Центарот за државни служби од Астана заедно со Министерство за информатичко општество и администрација денеска и утре во Скопје ќе се одржи конференција на тема “Современите предизвици во јавната администрација и улогата на партнерство за постигнување решенија”.

Целта на конференцијата е да ја истакне улогата на партнерство за надминување на современите предизвици преку презентирање на практиките на земјите, како и соработката за унапредување на државните служби и научените лекции.

На конференцијата ќе се обратат министеорот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, директорот на Управниот одбор на Центарот за државни служби во Астана Аликхан Баименов, српскиот министер за јавна администрација и локална самоуправа, Бранко Ружиќ, косовскиот министер за администрација Махир Јагчилар.

Обраќања ќе имаат и државниот секретар во МИОА, Јахи Јахија, директорот на Регионалната школа за јавна администрација Ратка Секуловиќ и претставник на финансискиот менаџмент на СИГМА-ОЕЦД, Мирослава Борицзка.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Горан Наумовски