Во организација на Хабитат Македонија и граѓанската организација Рома С.О.С, денеска во Скопје ќе се одржи завршна конференција на проектот „Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“.
Целта на проектот е да се зголеми вклученоста и учеството на локалната заедница во процесите на социјална инклузија во домувањето, а со тоа и понатаму да се развиваат и имплементираат човековите права и приоритетите на ЕУ за домување, здравство, образование, вработување, правна и социјална заштита.
На конференцијата ќе биде промовирана Студијата за одржлив урбан развој на супстандардни населби.