Конференција за подобрување на здравјето на Ромите

Од:

Тоа што во моментов се спроведува според превентивни редовни програми на Министерството за здравство, а се однесува на Ромите се бесплатни прегледи за време на бременост, бесплатни лабораториски испитувања доколку немаат здравствено осигурување, бесплатно породување, а понатаму патронажните сервиси ја преземаат грижата за жената после породувањето, истакна министерот за здравство Венко Филипче во обраќањето на конференцијата „Здравјето на Ромите: Пристап, предизвици и можности за подобрување“.

Посочи дека почнале сериозно да работат на имплементирање на Акцискиот план за намалување на смртноста на новороденчињата, направиле план кој ги опфатил сите фактори што влијаат на новороденечката смртност.

– Направивме една анализа, без градот Скопје потребно е да се вработат 380 доктори. Во здравствениот систем во Република Македонија треба вкупно да се вработат околу 2.300 луѓе, а најмногу доктори. Во Агенцијата за вработување има регистрирано 1.100 невработени медицински сестри и нешто помалку од 200 доктори. Сите да можеме да ги вработиме и повторно ќе нема доволно. Затоа почнавме да истражуваме иновативни начини за тоа како да ја подобриме патронажната служба, како и сервисите кои сега се даваат во болница, истакна Филипче.

Нагласи дека размислуваат да го зајакнат капацитетот на целокупниот здравствен систем и да се подобри пристапот со здравствена заштита на Ромите, како и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани.

Претседателот на УО на Фондацијата Отворено општество – Македонија Маја Бојаџиевска рече дека Ромите се есенцијалната слика на човештвото во 21. век.

– Денес зборуваме за здравјето на Ромите и новите пристапи и предизвици и не разговараме за друго, туку за самите нас, за тоа колку можеме да бидеме луѓе. Пристапот до здравје и основните човекови права е клучот до човековиот гол живот, додаде Бојаџиевска на конференцијата која што се одржа во Музејот на современа уметност во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска