Конференција за поддршка на родителите кои имаат деца со аутизам

Од:

Повеќе од 120 родители, експерти и универзитетски професори денеска ќе учествуваат на конференцијата „Помош и поддршка на родителите кои имаат деца со аутизам“.

Конференцијата ќе се одржи во Музејот на македонската борба, во организација на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА).

Учесниците ќе можат да се запознаат со образованието за родителите на децата со аутизам во Македонија, Хрватска и Кипар, а ќе бидат претставени и примери за позитивни пристапи во оваа област.

Конференцијата е во рамки на европскиот проект „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ (ESIPP).

Аутизмот е невроразвојна состојба која се карактеризира со тешкотии во социјалната комуникација и социјалната интеракција, како и ограничено и повторувачко однесување и интереси. Има околу пет милиони луѓе во аутистичкиот спектар во Европа – околу еден на секои 100 луѓе, кои секојдневно влијаат врз животот на повеќе од 20 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лице со аутизам и оштетен вид го воодушеви жирито на „Америка има талент“

Ана Ололовска

Песна за покревање на јавната свест за аутизам

Ана Ололовска

МНЗА: Меѓу 15.000 и 20.000 лица имаат аутистичен спектар на нарушувања

Ана Ололовска

Зградите на Владата и други институции вечер ќе светнат во сино за Светскиот ден на аутизмот

Ана Ололовска

Гугл очила за полесна социјализација на децата со аутизам

Ана Ололовска

Уште една обемна студија потврди: МРП вакцината не го зголемува ризикот од аутизам кај децата