Конференција за одржлива економија со реализација на климатските политики

Од:

Енергетска демократија – Промени во енергетскиот сектор во ЕУ е темата на конференцијата што во организација на Здружението на граѓани „Изгрејсонце“ во соработка со Green European foundation (GEF) од Белгија ќе се одржи денеска во Скопје.

– Европа со цел преминување кон одржлива економија со реализација на зацртаните климатски политики мора целосно да го промени севкупниот енергетски систем и да пријде кон соработка помеѓу земјите членки. Статистиките покажуваат дека околу 45 проценти од домаќинствата во ЕУ би можеле да произведуваат сопствена обновлива енергија, велат организаторите.

Додаваат дека со отворање на предпристапните фондови на Европската унија ќе се отворат можности за неповратни грантови и финансиски средства за инвестиции во обновливи извори на енергија.

– Засега, минимален процент странски средства се искористени во процесот на имплементација и градење на енергетскиот систем со користење на обновливи извори на енергија како главен ресурс, се истакнува во соопштението.

Правни и физички лица во соработка со локалната самоуправа ќе бидат главни корисници на европските средства со цел развој на енергетската инфраструктура и локалната економија со искористување на обновливите извори на енергија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

A1on

Амбасада на Италија и УНИЦЕФ: Младите се подготвени да се приклучат кон глобалната конференција за климатски промени

А1он

Одложен Младинскиот самит за климатски промени во Скопје

Ана Ололовска

Светски ден на суша – Земјава се уште нема национален план за прилагодување кон климатските промени

Ана Ололовска

Извештај на ОБСЕ и „Аделфи“: Климатските промени и безбедноста нудат можности за соработка во Југоисточна Европа

Ана Ололовска

Коалиција за клима: Нема амбициозни климатски политики без учество на јавноста

Ана Ололовска