Конференција за Конвенцијата на ОН против корупцијата

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во соработка со ОБСЕ Мисијата во Скопје денеска организира конференција на тема „Барања и практики во имплементацијата на одредбите за превентивните мерки и за враќање на имотот на Конвенцијата на ОН против корупцијата“.

Воведни обраќања ќе имаат претседателот на ДКСК Ѓорги Сламков, министерот за правда Аднан Јашари, раководителот на одделот за демократско владеење во мисијата на ОБСЕ Јоана Козма и заменик – постпјаниот претставник на УНДП Алесандро Фракасети.

Конференцијата има две сесии и тоа за Поглавјето II od UNCAC – Превентивни мерки и за Поглавје V од UNCAC – Враќање на имот.

На конференцијата, меѓудругите, ќе се обрати и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска, во својство на Шеф на Делегацијата на Република Македонија во ГРЕКО Комитетот ќе ги презентира најновните активности на ГРЕКО Комитетот со фокус на препораките од 3-от и 4-от круг на оцена и нивната имплементација во домашното законодавство.

Би можело да ве интересира

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Извештајот на ЕК нотира притисок на власта врз судството и високо раширена корупција

Дмитриев: Западот затвора очи пред корупцијата во Киев

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

Рокас: Конечно сериозен пристап во справувањето со корупцијата