Конференција за евроатлантската интеграција на Македонија

Од:

Прашања врзани за напредокот на евроатлантскиот интегративен процес на Република Македонија и во тој контекст и за предизвиците и можностите што произлегуваат од актуелните состојби, процеси и настани во Регионот, во Европа и на глобално ниво ќе бидат во фокусот на конференцијата „Македонија: Евроатлантска интеграција, нови предизвици и можности“ што ќе се одржи денеска во МНР.

Конференцијата е во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во соработка со Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал и Маршал центарот на Република Македонија – Асоцијација на алумни,

Конференцијата ќе ја отвори државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, а обраќања ќе имаат и националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, амбасадорот на СР Германија, Томас Норберт Герберих, амбасадорот на Француската Република, Кристиан Тимоние и шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, Горазд Бартол.

Во рамките на Конференцијата, ќе се одржат два панели на тема: „Членство во НАТО“ и „Членство во ЕУ“.

На Конференцијата ќе учествуваат високи претставници на Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал, НАТО, дипломатскиот кор, Министерството за одбрана, други државни институции, академската заедница и невладиниот сектор.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“