Конференција за актуелните безбедносни предизвици

Од:

Неопходна е темелна реформа и целосна професионализација на македонските безбедносни структури иако во моментов земјава не се соочува со посериозни надворешни и внатрешни безбедносни предизвици, но сепак не може да се занемари опасноста од повторно отворање на балканската бегалска рута и евентуален нов бегалски бран.

Ова е главната оценка на научно-експертската конференција на тема „Актуелните безбедносни предизвици“ што денеска се одржа во Скопје во организација на Клубот на генерали, Балканскиот форум за безбедност и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста. Целта на конференцијата беше врз експертска анализа на актуелните аспекти на безбедноста и стабилноста да се даде поглед за патот на натамошната изградба на системот за безбедност на Македонија во контекст на стабилноста на национално и регионално ниво. Заклучоците од конференцијата ќе се претстават пред Владата и пред соодветните министерства.

– Во Македонија безбедносниот систем доживеа многу сериозен крах. Затоа се обидувме во рамки на нашите стручни согледувања да дадеме поглед што и како треба во прв момент да се преземе преку соодветните органи во безбедносните структури и како да се унапреди системот за безбедност и одбрана и од тој аспект како да се развиваат добрососедските односи, пред се на планот на безбедноста и одбраната, рече Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност.

Тој посочи дека во моментов не постои сериозна опасност од агресија врз Македонија, но тоа, како што кажа, не значи дека треба да бидеме смирени и да не превенираме било какви опасности, особено ако се има предвид дека асиметричните закани се секогаш присутни.

– Поголем проблем во овој момент имаме со внатрешната безбедност како резултат на политизацијата и партизацијата на безбедносните структури во земјава кои за сметка на стручноста се претставија како политички или партиски претставници во овој период и делуваа во таа насока. Тука ќе ни треба многу сериозен пристап од новата Влада и министрите за одбрана и внатрешни работи како да се преструктуираат и реформираат двете министерства за што повеќе да се приближиме до стандардите на НАТО, рече Марковски.

Прецизира дека во овој момент не се исполнети сите услови за членство во ЕУ и НАТО, а особено тоа не е така после 2008 година кога, како што рече, заостанаа многу сфери во развојот и приближувањето до европските и евроатлантските вредности.

Генерал Борис Стојаноски, потпретседателот на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста посочи дека е неопходно да се утврдат и истакнат значајните актуелни безбедносни предизвици и да се сугерира начин за нивно надминување во иднина.

– Изборот на Владата сметаме дека значително ќе придонесе за надминување на кризната состојба која владаее во Македонија во последниве три години, рече Стојаноски и додаде дека постепено ќе се разрешуваат сите предизвици и ризици кои ја загрозуваат севкупната состојба во Македонија.

Проф. д-р Владимир Пивоваров, пак, нагласи дека земјава има сериозни проблеми на надворешен и внатрешен безбедносен план по се што се случуваше во последниве години и изрази надеж дека новите министри ќе дадат се од себе да ги професионализираат безбедносните служби и да одговорат на предизвиците.

– На меѓународен план не очекува бегалската криза која често се најавува на релација ЕУ – Турција. Ако се затворат границите во Европа претпоставка е дека бегалците ќе останат во Македонија. Видовме од досегашната пракса дека еден дел од тие луѓе потекнуваат од ИСИЛ и се терористи спијачи. Токму тоа може да биде една од поголемите закани од надворешен план, рече Пивоваров.

Концептот на граѓанско општество, нагласи, е добра претпоставка за избегнување на можни меѓуетнички конфликти.

– Главен проблем останува митото и корупцијата и затоа е неопходно да се професионализираат службите. Доколку тоа го направиме час поскоро ќе влеземе во меѓународните институции, рече Пивоваров.

Генерал Мирослав Стојановски од Клубот на генерали рече дека случувањата на 27 април се само кулминација на одредени состојби кои, како што кажа, завршија со финале во Собранието со насилниот упад и загрозувањето на животите на пратениците што е недозволиво и недопустливо за 21-от век.

– Она што е уште пострашно е што институциите кои се задолжени за обезбедување на услови за безбеден јавен ред и мир и чување на животите и здравјето на луѓето на тој ден потфрлија. Се работеше за акумулиран настан и финале на нешто што се случуваше со денови претходно. Со тоа се случи кулминација на политичката криза во земјава, но немаше аргументи за тврдењата дека на Македонија и престои опасност и оти безбеноста и е загрозена од надвор, а особено дека претседателот ќе донесе одлука за воведување воена состојба од причини што не беа исполнети условите, рече Стојановски и додаде дека наредниот ден беше како да не се случило ништо во земјава.

Изарази надеж дека новата Влада ќе преземе се што е потребно и оти ќе се фокусира на прашања со кои ќе се подобри состојбата на граѓаните и ќе се обезбедат побезбени услови за живот.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

A1on

Државата да ја регулира заштитата на националната критична инфраструктура и да ја унапреди заштитата на јавните места пред да доживееме трагичен напад

A1on

Во Скопје имало 322 земјотреса за еден месец – низ градот минува процеп, живееме ли во безбедни згради?

Одржана „Регионална школа за безбедност 2023“ посветена на влијанието на безбедносните предизвици врз урбаната безбедност

Ана Ололовска

Академијата за сајбер безбедност на АУЕ-ФОН станува атрактивна во регионот

Професор Ѓуровски: Потребни се промени на нефункционалниот систем за кризен менаџмент и заштита и спасување

Ана Ололовска