Конференција „Стабилизирачки ефекти од процесот на евроатлантска интеграција“

Од:

Во Министерството за надворешни работи денеска и утре ќе се одржи меѓународна конференција „Стабилизирачки ефекти од процесот на евроатлантска интеграција: Работиме заедно против хибридните закани“.

На конференцијата ќе учествуваат вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, државниот секретар во МНР Виктор Димовски, националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, како и високи претставници на НАТО, претставници на дипломатскиот кор во земјата, академската заедница и граѓанскиот сектор.

Организатори на конференцијата се Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Конзорциумот на партнерството за мир, oдделот на НАТО за справување со новите безбедносни предизвици, во соработка со Евроатлантскиот совет, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и Факултетот за безбедност.

Како што соопшти МНР, целта на дводневната конференција e да се согледаат предизвиците и начините за справување со хибридните закани, појавните облици и нивното влијание врз интегративните процеси на земјите од Западен Балкан.

На Конференцијата, покрај експертите од НАТО, предвидено е излагање да има и амбасадорот Антонио Мисироли, помошник на генералниот секретар на НАТО во Одделот за справување со новите безбедносни предизвици.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Келог: Време е за нов сојуз