Конференција „Пристап до информации и заштита на лични податоци-можности и предизвици“

Од:

Конференција на тема „Пристап до информации и заштита на лични податоци – можности и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Со конференцијата ќе биде означаен почетокот на проектот „Транспарентни и ефикасни државни регулаторни и надзорни тела“, каде истражувачи на „Аналитика“ ќе ја следат работата на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер како и на Дирекцијата за заштита на лични податоци преку објавување квартални извештаи. На настанот ќе бидат преставени одредниците за претстојните извештаи.

Целта на проектот е зголемена јавна контрола преку следење на работата на овие две тела со единствена цел подобрување на нивните перформанси, ефективност, транспарентност како и отчетност што треба да придонесе за воспоставување отчетен јавен сектор.

Проектот е поддржан од Британската Амбасада во Скопје и ќе се спроведува до крајот на март 2018 год.

На конференцијата се најавени обраќања на Пол Едвардс, заменик амбасадор во Британската амбасада во Скопје и Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во „Аналитика“. Ќе учествуваат и претставници на Комисијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер, на Дирекцијата за заштита на лични податоци, експерти од Обединетото Кралство, како и претставници на невладиниот сектор и академската заедница.

Би можело да ве интересира

Со туѓи лични податоци земале 11 брзи кредити вредни над 5.000 евра

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

Орце Костов

Спасовски ја демантира Антикорупциска: Нема масовна злоупотреба на податоци

Орце Костов

Во Охрид започна конференцијата „Евроатланските вредности на Балканот“

Жарко Настоски

ДИК не го тестирала софтверскиот систем пред изборите, загрозени личните податоци на граѓаните

А1он

Безбедноста на личните податоци најголема грижа на Европејците на интернет