Кондарко: Деркоски едно потпиша, друго кажува – роковите ќе ги утврди Владата

Од:

Државната изборна комисија денеска му доставила мислење на претседателот Стево Пендаровски во врска со изборниот процес и временската рамка, која е потребна за тоа, во кое е потенцирано дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба со законска сила и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот во него. Таа уредба, стои во мислењето на ДИК, треба да биде прилагодена на сегашната фаза во која се наоѓаат изборите.

Ова денеска за МИА го изјави членот на ДИК, Борис Кондарко, кој напомена дека мислењето веќе е доставено, на него потпис има ставено претседателот на Комисијата, Оливер Деркоски, но сепак тој денеска дал изјава, која не соодветствува со она што претходно го потпишал.

-Ниту претедателот, ниту членовите на ДИК немаат законски овластувања да кажуваат по кои рокови ќе се спроведуваат дејствијата за Избирачкиот список и за јавниот увид. ДИК не е законодавец и токму и затоа во одговорот до претседателот на државата, потпишан од претседателот на ДИК јасно потенциравме дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот и таа уредба за биде прилагодена на сегашната фаза во која се наоѓаат изборите, вели Кондарко.

-Не е точно барањето на Деркоски за нови 45 дена за јавниот увид и списокот. Со повикувањето на сегашните одредби Деркоски се демантира самиот бидејќи во дописот до претседателот на државата ДИК бара од Владата да се определат нови рокови за овие дејствија, кои логично е да бидат пократки, додава Кондарко за МИА.

Истовремено, вели Кондарко, ваквото барање на Деркоски е демантирано и од Уставниот суд, кој одлучи дека не може да се повторуваат одново дејствијата со нови 45 дена, колку што бара претседателот на ДИК, туку процесот да продолжи 22 дена по завршувањее на вонредната состојба.

Претседателот на ДИК претходно во изјава за дел од медиумите рече дека Избирачкиот список треба да помине низ истата процедура на прочистување и дека таа процедура, заедно со иборната кампања, трае 45-50 дена.

Според уредбата на владата од 22 март, со која изборните дејствија беа прекинати поради коронакризата, подготовките продолжуваат ден по завршувањето на вонредната состојба.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%