Кон Маврово, Струга и Охрид попладнево се упатиле околу 10.000 возила

Од:

На магистралните правци на гостиварското подрачје забележителен е зголемен интензитет на сообраќајот. Поголемиот број автомобили одат кон југот од земјава.

На последната наплатна рампа од автопатот „Мајка Тереза“ кај Гостивар изминативе два часа работат сите кабини за патарина и нема застои. Големите редици и колони од возила кои се создаваа на семафорот на еден од влезовите во Гостивар се намалија од пред еден час, откако беше исклучена регулацијата и се поминува на жолто светло.

Најголемиот дел од патниците беа во автомобили со скопски и тетовски ознаки. Во прашањата одговорија дека одат кон Маврово, Струга и Охрид, за да го избегнат полицискиот час.

Според првичните проценки на вработените на патарините, бројот на возила кои поминале на рампите, денеска бил неколкукратно зголемен и дека денеска во попладневите часови тој може да надмине десет илјади.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид