Комуналното претпријатие „Водовод“ од Кочани одбележа 50-години од основањето

Од:

На Светскиот на водите, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани денеска со пригодна свеченост ја одбележа 50-годишнината од основањето.

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, во обраќање пред присутните го истакна значењето на претпријатието кое, како што рече, обезбедувајќи вода, управувајќи со отпадот и уредувајќи го зеленилото, во значајна мера управува со квалитетот на животот во Кочани.

Посебна благодарност беше упатена до владите на Франција, Австрија и Швајцарија како најголеми донатори во подобрувањето на квалитетот на живеењето преку водоснабдувањето, користењето и третманот на отпадните води, а амбасадоритена Франција и на Швајцарија, Кристијан Тимоние и Сибиле Сутер Тејада примија благодарници.

На свеченоста беа доделени признанија на сите досегашни директори на кочанското комунално претпријатие.

На настанот беше презентиран и најуспешниот труд од одржаниот натпревар на тема „Важност и предизвици на третманот на отпадните води“, а „Водовод“ ги награди и најуспешните училишни средношколски тимови од овој натпревар.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно