Компанијата Mozzart донираше средства за набавка на заштитни маски за полицијата

Од:

Компанијата за приредување игри на среќа Mozzart донираше финансиски средства за набавка на заштитни маски за повеќекратна употреба на Македонскиот полициски синдикат.

-Со оваа донација се придружи на низата општествено одговорни компании што во изминатиот период го прифатија апелот на Македонскиот полицицки синдикат за донирање заштитни средства и средства за дезинфекција, а се со цел поголема заштита на заштитниците односно полициските службеници кои во овие моменти на колективна опасност се директно изложени во борбата со COVID 19, порачуваат од Македонскиот полициски синдикат.

Во име на синдикатот благодарност до компанијата Mozzart упати претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев.

-Во мое лично име и во името на сите членови на Македонскиот полициски синдикат сакам да изразам голема благодарност до компанијата „Mozzart“ за оваа донација, со која ќе помогнат да бидат обезбедени неопходните заштитни средства (заштитни маски) кои ќе бидат набавени и поделени на членовите на Македонскиот полициски синдикат кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, а со цел истите да се заштитат од корона вирусот “COVID -19”, вели Кицев.

Од компанијата Mozzart посочуваат дека хуманитарните кампањи се важен сегмент од нивното работење.

-Компанијата Mozzart е препознатлива како општествено-одговорна компанија која настојува преку различни акции да придонесе онаму каде што е најпотребно. Токму затоа, одговоривме позитивно на барањето од Македонскиот полициски синдикат и се надеваме дека со оваа донација ќе придонесеме кон поголема заштита на полициските службеници. Mozzart досега донираше над 50.000 евра за борба против коронавирусот, наменети за подрачјата кои се најзагрозени од оваа пандемија, изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Би можело да ве интересира

Владата на Северна Македонија ризикува загуби од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните организатори на игри на среќа и нивните доделени лиценци.

А1он

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart пишува нова приказна во Битола

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

Mozzart ја дарува добрината – Банка за храна обезбеди прехрамбени поризводи за Порака Неготино благодарение на „Театарот на хуманоста“

Вистинската победа е во контролата – Mozzart ја потврдува својата општествена одговорност

Уметност и хуманост во едно: Mozzart дели бесплатни карти za „Олд Сејбрук“

А1он