Компаниите кои сакаат да тргуваат со отпад треба да извадат и дозволи за складирање и преработка

Од:

Трговија со неопасен отпад може да вршат само компании кои имаат дозвола за негово складирање, третман или преработка.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, согласно најновите законски измени укинати се дозволите за тргување со неопасен отпад што некои фирми од оваа дејност ги поседуваат, иако рокот не им е истечен.

– Целта на законските измени кои веќе се во сила, односно на обврската – за тргување со неопасен отпад да се поседува и дозвола за негово складирање, третман или преработка, е елиминирање на манипулациите особено од аспект на затајувањето данок, како и контрола на материјалите, нивното влегување и излегување, истакна Ана Каранфиловска Мазневска од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Казните за нелегална трговија со неопасен отпад се 3-5 години затвор.
Според проценките, минатата година само три до четири компании од оваа дејност ја оштетиле државата за околу 5 до 6 милиони евра со затајување данок по различна основа.

Во Македонија околу 150 компании имаа дозвола за трговија со неопасен отпад и лиценци за негово складирање, третман или преработка, додека уште 100 фирми имаат дозволи само за трговија кои практично веќе не им важат.

– Доколку овие 100 фирми обезбедат соодветни услови за третман, складирање и преработка на отпадот, ќе добијат лиценци и ќе можат да продолжат да се занимаваат со оваа дејност, посочи Каранфиловска Мазневска.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман

ЈП Дрисла: Градоначалниците на Кисела Вода и на Аеродром немаат договор со депонијата, каде го фрлале сметот досега?

Орце Костов

Полицијата на отпад најде нецаринети возила со странско потекло