Комити негираат дека стојат зад нападите: Ние сме дежурни виновници!

Од:

Од навивачката група „Комити“ демантираат дека нивни членови ги предизвикале инцидентите што се случија синоќа во Скопје, а каде беа повредени пет лица, меѓу кои и еден малолетник. Навивачите велат дека се „дежурни виновници“ за секој напад или инцидент, иако, посочуваат, нема докази дека напаѓачите биле со обележја со нивната навивачка група.

Комитите тврдат дека нападите се намерно организирани за да се дефокусира јавноста и за да се испровоцираат меѓуетнички тензии.

„Нападот со филувани дезинформации до јавноста го организира еден центар во државата на кој во моментот им одговара дестабилизација на меѓуетничките односи. Проанализирајте ги медиумите и порталите кои ги пласираат намерните дезинформации и ќе ви стане јасно кој и со какви цели го прави ова…На кого во државава му одговара народот да биде дефокусиран од вистинските и суштински проблеми со кои се соочува државата и мислите да ги насочи кон бомбастични вести и т.н.„проблем со навивачки хулигани” да избие во прв план“, велат од таму.

Навивачката група „Комити“ и нејзините членови ниту ги предизвикале ниту пак учествувале во вчерашните изолирани инциденти по завршувањето на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Вардар и Слога (Шкупи), порачуваат навивачите.

„Зачудува фактот што ние веќе сме обележани како насилниците кои нападнале и претепале недолжни „момчиња од албанска националност“ иако ниту еден од „недолжните“ не изјави дека бил нападнат од лица кои имале клупски обележја, ниту пак МВР и нивната истрага не го потврди тоа. Затоа сите медиуми и т.н. медиуми ја цитира изјавата на “чесниот и објективен“ уредник на Алсат – М телевизија, Мухамед Зекири дека навивачката група “Комити“ стои зад според него обидот за линч на недолжни Албанци во Скопје. Со чест на исклучоци, медиумите не се ни обидоа да ја сослушат втората страна, нешто што се учи на првиот час во првиот семестар на факултетот по новинарство… Но ние сме насилници и хулигани, што знаеме впрочем!?

Натпреварот беше прогласен за висок ризик и беше изречена забарана за гостување на навивачите на Слога (Шкупи). На северната трибина управата на ФК Слога (Шкупи) внесе барем петанесетина нивни навивачи вклучувајќи ги и нивните водачи. Се до нивното отстранување од стадионот, единствена работа беше да ги провоцираат останатите симпатизери и навивачи на Вардар на таа трибина. Тоа е недопустиво а управата на Слога (Шкупи) која денеска апелираше преку соопштение „да се искорени хулиганството“ мора да понесе одговорност за овој непромислен потег.

Во врска со ова, од МВР немаше никаков обид тие лица да бидат отстранети туку напротив нивната реакција беше насочена кон и против симпатизерите на Вардар. Безбедноста на ниту еден член на управата на Слога (Шкупи) во ниту еден момент не беше загрозена, ниту пак на нивните пријатели од тетовската „Искра“ кои не останаа покуси па се пожалија на третманот на стадионот Филип Втори.

Еден час по завршувањето на натпреварот три лица биле нападнати на Плоштадот од друга група. Дали тие три лица се можеби членови на навивачката група “Шверцери“ и по кој основ се заклучи дека токму ние стоиме зад нападот? Два часа по завршувањето на натпреварот две лица се нападнати во населбата Карпош 4. Без ниту еден доказ или факт пресудено е дека наши членови го извршиле нападот. Од снимките на МВР лесно може да се види и потврди дека неколку стотини „комити“ кои присуствува на натпреварот и го бодреа клубот си замина по натпреварот и дека немаше ниту обид за некаков обид за пресметка со симпатизери на Слога (Шкупи) или пак лица од албанска националност.

Од друга страна пак, нема никаква информација за групата од над стотина „Шверцери“ кои беа во близина на градскиот стадион и на салата Кале и за нивните „активности“ пред за и по натпреварот. Затоа управата на Слога (Шкупи) веднаш застана зад своите навивачи и побара да се казнат виновниците, заборавајќи дека половина од тие што ги внесоа на северната трибина учествува во неодамнешниот напад на младинската екипа на Вардар.

Само за потсетување децата избегна линч само затоа што играат за црвено црниот дрес. Не се сеќаваме дека уредникот на Алсат-М телевизија, Мухамед Зекири, толку ревносно се заложи да се најдат и казнат виновниците, или пак барем да се расветли тој инцидент. За жал истото мораме да го констатираме и кај МВР. Уште пред самиот почеток на натпреварот нашата порака беше јасна и видлива за сите „Ние сме дежурни виновници“ бидејќи ова не е ниту прв ниту последен пат неосновано и избрзано да бидеме јавно напаѓани и осудувани. Навивачката група „Комити“ никогаш не бега од одговорност! На крајот сакаме да го изразиме и нашиот РЕВОЛТ од политичката конотација на овие два изолрани инциденти а која упорно се турка преку неколку т.н медиуми. Навивачката група „Комити“, со години наназад, нема никаква допирна точка со било која политичка партија во државата ниту пак поддржува било каква политичка опција“, стои во реакцијата на клубот.

Според информациите од МВР, синоќа помеѓу 23.00 и 00.15 часот се случиле два инциденти, првиот на Плоштадот „Македонија“ каде од страна на повеќе непознати лица физички биле нападнати Б.И.(20), М.A.(23) и уште еден 14 годишен малолетник.

Истите се здобиле со телесни повреди, Б.И. бил пренесен во Ургентниот центар, а останатите две лица биле пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Околу 00,15 часот, пак, во Скопје на ул „Никола Парапунов“ неколку непознати лица физички ги нападнале Н.И.(24) и Џ.И.(24) од Велес употребувајќи и тврди предмети и при тоа им го оштетиле и возилото по што го напуштиле местото на настанот. Нападнатите се пренесени во Градската болница „8-ми Септември“ каде им е укажана лекарска помош.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он